Global Trade & Growth Forum 2026: Поврзување на македонските компании со глобалните пазари

Како македонските компании да станат поконкурентни на меѓународните пазари, подобро да ги искористат стратешките трговски коридори и да изградат посилни глобални партнерства ќе биде во фокусот на првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, што денеска се одржува во Скопје, во организација на Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham North Macedonia), во стратешко партнерство со меѓународната транспортна и логистичка компанија Mediterranean Shipping Company (MSC).

Форумот се организира со поддршка на Швајцарија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со придонес на програмите IME, SIPPO и SwissEP.

-Во услови на зголемена глобална конкуренција и промени во меѓународните синџири на снабдување, пристапот до нови пазари, ефикасната логистика и препознатливоста на производите стануваат сè поважни за растот на македонските компании. Токму затоа, форумот ќе поврзе над 200 претставници на домашната и меѓународната деловна заедница, инвеститори, извозници, носители на одлуки, дипломатски претставници и експерти од земјата и поширокиот регион, посочуваат од SwissCham.

Преку оваа иницијатива, нагласуваат, SwissCham ја зајакнува својата улога како платформа за поврзување на македонската економија со меѓународните пазари, деловните мрежи и швајцарското искуство, со цел создавање нови можности за трговија, инвестиции и долгорочни партнерства.

-Нашата амбиција е Global Trade & Growth Forum да прерасне во платформа која ќе отвора конкретни можности за македонските компании – од подобра логистичка поврзаност до пристап до меѓународни пазари и нови деловни партнерства. Преку SwissCham сакаме да го приближиме швајцарското и меѓународното искуство до потребите на домашниот бизнис-сектор и да придонесеме кон зајакнување на конкурентноста на македонската економија- изјави Соња Стефановска, претседател на SwissCham North Macedonia.