
(ВИДЕО) Филиповски: Потребни се повисоки стапки на економски раст, и подомаќинско трошење на парите
🔤„Во ребалансот на буџетот, она што редовно се случува е дека државата додава алокација на нови средства за покривање на дефицитот во ПИОМ. Тоа значи дека е релативно голем проблем. Тоа зафаќа голем дел од буџетските ресурси“, смета универзитетскиот професор Владимир Филиповски.
„Во ребалансот на буџетот, она што редовно се случува е дека државата додава алокација на нови средства за покривање на дефицитот во ПИОМ. Тоа значи дека е релативно голем проблем. Тоа зафаќа голем дел од буџетските ресурси“, смета универзитетскиот професор Владимир Филиповски.
Според него битни се и политиките кои се водат во однос на пензиите.
„Ова линеарно покачување на пензиите, значеше дека имаме поголема исплата, сума која е потребна за да се исплатат пензиите, и на тој начин практично се доаѓа до ситуација кога дефицитот на Пензискиот фонд е голем.
Говорејќи за економскиот раст од 3,5 до 4% е добар или доволен, професорот вели дека земја како Македонија која е во развој, би требало да остварува што е можно повисоки стапки на раст, како и за вториот ребаланс на буџет, што е невообичаено, професорот смета дека оваа година мора да се земе предвид дека имаше големи глобални шокови.
„Тука е порастот на цената на енергенсите, порастот на цената на храната и други производи поврзани со цената на енергенсите, коишто практично наведоа и други земји да се прилагодат на таа нова ситуација, бидејќи се креирани нови фискални дефицити.
-Она што сега е кај нас, со новите ребаланси, се покажува дека фискалната интервенција за држење на енергенсите на релативно пониско ниво има своја цена, бидејќи јавните доходи по основ на акциз пред сѐ, потоа и дел од ДДВ, па и данокот на корпоративна добивка, битно е каде се кратењата на јавните расходи.
„Она што јас го имам како јавна информација, пред сѐ се оди на кратење на оние стоки и услуги, коишто се дискрециони. Тука е просторот за кратење и подобар, но тука практично е клучно да покрај подомомаќинско користење на тие ресурси, справување со корупцијата“.
Околу фактот фрка државата се соочува со кадровски и човечки недостиг, како и демографска дефлација, младите заминуваат, компаниите се жалат од недостаток на работна сила, професорот вели дека ова е многу сериозно прашање.
„Пензискиот систем исто така зависи од активно население во сооднос со пенезионерите. Тука е многу сериозна работа. Но, демографските процеси не се под директна контрола на тековните економски политики“, вели проф.Филиповски.
Целото интервју погледнете го во видеото