Вучиќ нагости деца од српска националност од Македонија: Ова е ваша куќа!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Бадник ги прими децата од српска националност од Македонија, кои се во посета на Белград за време на божиќните празници.

По приемот, Вучиќ изјави дека е многу среќен што имал можност да биде домаќин на деца од српска националност од Македонија.

„Ова е ваша куќа, зачувајте ги нашите обичаи и култура… Ви благодарам што сте тука, верувам дека ќе ја сакате Србија… Ви посакувам се најдобро“, рече претседателот Вучиќ.