Ракометарите ја испочитуваа традицијата за Бадник, паричката кај Никола Костески

Кршењето лепче со паричка на Бадник е нешто што и ракометната машка репрезентација на Македонија сака да го прави како традиција, така беше и оваа година додека тимот се подготвува за настап на Европското првенство во Германија кое почнува за четири дена, токму со меч на кој ќе се појави македонскиот национален тим.

Капитенот Никола Митревски ги подели лепчињата, а среќник паричката да се падне кај него беше Никола Костески.