Девизниот прилив на Србија од туризмот до крајот на октомври изнесува 2,09 милијарди евра

Србија во првите 10 месеци од 2023 година оствари девизен прилив од туризмот во износ од 2,9 милијарди евра, за 4,0 отсто повеќе во однос на 2022 година, што е одличен резултат, изјави министерот за туризам и млади Хусеин Мемиќ и наведе дека министерството што тој го предводи минатата година направи многу за подобрување на социјалниот живот на младите во Србија, обезбеди пари за четири младински центри и помогна во изградбата на 10 канцеларии за млади.

„Туризмот во Србија е на нагорна патека. Со минатогодишниот девизен прилив го надминавме претходниот рекорд од 2022 година, што покажува дека нашиот туризам закрепна од корона вирусот многу побрзо од очекуваното. Постигнатиот резултат не е случаен и е резултат на голема инвестиција во оваа област, во инфраструктура, автопати, експресни патишта, поврзувачки дестинации“, изјави Мемиќ за Танјуг.

За очекување е дека Кинезите се повеќе ќе учествуваат во приливот на странски гости, бидејќи кинескиот пазар, според министерот Мемиќ, е најголемиот растечки странски пазар.