„Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик – целта беше изборен грабеж“, велат од СДСМ

Од СДСМ преку соопштение обвинуваат дека на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не им биле приоритет ниту реформите, ниту подобрувањето на Изборниот законик, туку, како што велат, „изборен грабеж и манипулација со гласовите на дијаспората“.

Од партијата посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ претходно тврдеше дека обезбедило договор со Левица и ДУИ, а сега, според нив, одговорноста се обидува да ја префрли врз СДСМ.

„Нели седеа заедно со Левица и ДУИ, нели тврдеа дека имаат договор? Повторно гледаме само лаги и спинови“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се потсетува дека техничката Влада била укината без политички консензус, а по неуспехот на предлогот за електронско гласање на дијаспората, власта, според СДСМ, предложила модел за гласање по пошта без доволни механизми за контрола.

Од СДСМ сметаат дека вистинскиот проблем е кај власта и тврдат дека целта е манипулација со околу 200.000 гласови од дијаспората.

Партијата додава дека реформската агенда се користи како оправдување за, како што наведуваат, неисполнувањето на обврските во евроинтегративниот процес.

„СДСМ има принципиелен став и нема да дозволи изборен грабеж. Ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации“, се наведува во соопштението.