Македонската берза и ЕБОР отвораат врата до капитал: 10 македонски компании ќе добијат бесплатна експертска подготовка за излез на берза
Македонска берза АД Скопје официјално ќе го започне Проектот за поттикнување и подготовка на македонските компании за пазарно финансирање, иницијатива насочена кон зголемување на пристапот на домашните компании до пазарот на капитал преку издавање акции и обврзници.

Проектот се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Македонската берза, а ќе го имплементираат PwC Северна Македонија и PwC Хрватска.
Во рамки на програмата, до десет македонски компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на капитал, ќе учествуваат на специјализирана лидерска академија и ќе добијат конкретни препораки за понатамошна подготовка за прибирање финансиски средства преку берзата.
Очекувањата се проектот да придонесе за појава на нови издавачи на акции и обврзници, проширување на понудата на финансиски инструменти и натамошен развој на македонскиот пазар на капитал.