МААЕ испраќа мисии на 19 трафостаници клучни за работата на нуклеарните централи

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе испрати свои мисии на 19 трафостаници кои се од клучно значење за работата на нуклеарните централи во Украина, соопшти синоќа украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, наведувајќи дека одлуката е донесена за време на разговорот со генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Сибиха на X истакна дека станува збор за најголемо ангажирање од тој вид во историјата на агенцијата, како и за навремен чекор во заштитата на нуклеарната безбедност поради континуираните руски напади врз украинскиот енергетски систем.

За време на средбата, Сибиха и Гроси разговараа и за ситуацијата во и околу нуклеарната централа Запорожје, безбедносните закани поврзани со руската милитаризација, како и за потребата да се обезбеди нуклеарна безбедност и физичка заштита на украинските нуклеарни постројки.