„Детелинки“ – фестивал на оригинални песни и детски таленти во Паркот на франкофонијата

Како што соопштуваат од Општина Центар, на сцената вечерва ќе настапуваат децата од градинките со музичко-сценски точки подготвени заедно со воспитувачите, а програмата ќе биде збогатена со кореографии, костими, аниматори, креативни работилници и сценски ефекти кои ќе создадат вистинска фестивалска атмосфера.

Во Паркот на франкофонија, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи првиот детски музички фестивал „Детелинки“, организиран од Општина Центар во соработка со центарските градинки.

Како што соопштуваат од Општина Центар, на сцената вечерва ќе настапуваат децата од градинките со музичко-сценски точки подготвени заедно со воспитувачите, а програмата ќе биде збогатена со кореографии, костими, аниматори, креативни работилници и сценски ефекти кои ќе создадат вистинска фестивалска атмосфера.

– Ги поканувам сите родители, семејства и граѓани да присуствуваат на фестивалот, да ги охрабрат своите деца со аплауз и заедно да уживаме во нивните изведби. Верувам дека „Детелинки“ ќе прерасне во убава традиција на Општина Центар, настан кој секоја година ќе носи нова енергија, нови идеи и нови детски приказни – порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Фестивалот има за цел да ја поттикне љубовта кон музиката кај децата и да ја промовира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку изведба на оригинални детски песни создадени во градинките.

„Детелинки“ е замислена како едукативен и забавен настан кој преку музика и дружење ја поттикнува креативноста, социјализацијата и самодовербата кај најмладите, но и ќе отвори простор за промоција на нови детски таленти и авторски идеи.