Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата, во рамки на тековната акција што трае до 5 јуни годинава.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата, во рамки на тековната акција што трае до 5 јуни годинава.

Како што информираат од претпријатието, акцијата опфаќа плаќање на заостанати долгови, и тужени и редовни, без камата за задоцнето плаќање, а рокот за користење на поволноста истекува на 5 јуни 2026 година.

Од „Водовод и канализација“ апелираат до сите корисници со неплатени сметки да ја искористат можноста и да ги регулираат обврските под поволни услови, со цел олеснување на финансискиот товар и затворање на долговите без дополнителни трошоци.

Притоа, одлуката за отплата на долговите без пресметка на камата не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на другите институции од јавен интерес, вклучително агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините.

По истекот на рокот, односно по 5 јуни, одлуката престанува да важи.