Украина го нападна Севастопол со ракети „Сторм шедоу“

Гувернерот на Севастопол објави дека воздушната одбрана на кримскиот град, кој е под руска окупација, рано утрово соборила повеќе од 20 украински дронови, додавајќи дека Киев користел и ракети „сторм шедоу“.

Гувернерот на Севастопол објави дека воздушната одбрана на кримскиот град, кој е под руска окупација, рано утрово соборила повеќе од 20 украински дронови, додавајќи дека Киев користел и ракети „сторм шедоу“.

Михаил Развожајев преку апликацијата Телеграм додаде дека во моментов нема информации за загинатите и дека во нападот се оштетени неколку згради, вклучувајќи ја регионалната канцеларија на централната банка и осум катна станбена зграда.

Ракетите „сторм шедоу“ се произведени од француско-британски конзорциум. Русија, која го анектираше Крим во 2014 година, претходно повика на разговори меѓу британскиот и францускиот амбасадор за употребата на оружјето од страна на Украина.

Украина сè уште не го коментирала нападот. Нејзината војска еден ден претходно објави дека го користела „сторм шедоу“ за уништување на руски команден центар на територија контролирана од Русија во регионот Луганск во источна Украина.

Вчера, во одделен украински напад, две лица беа ранети во јужниот руски град Таганрог, кој се наоѓа источно од границата со Украина, откако Русија го собори нејзиниот проектил, објави градоначалничката Светлана Камбулова на Телеграм.