
Банда е најсоодветен опис на оваа група на власт, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“.
„Банда. Дали тој збор не одговара на една група на луѓе, на пример, во којашто влегува човек којшто има висока функција во владејачката партија, а компанијата на татко му добила 161 тендер? 161 тендер од државни институции, десетици милиони евра. Дали тој збор не одговара на една група на луѓе којашто дава народни пари на една друга компанија, ексклузивно, близу шеесет тендери. Врват партиските тендери со стотици милиони евра суми пари за коишто немаме никаков одговор од ниту една институција. И тоа е многу сериозна работа, обвини Филипче.
Во однос на евроинтеграциите, рече Филипче, јасно е дека власт ја блокира европската перспектива на државата, за да можат да ги трошат парите на граѓаните без контрола.
„Па затоа што не сакаат во Европа. Сакаат да грабат народни пари без контрола. Тоа се случува. Оваа лажна патриотска власт ќе оди во историјата како влада и како премиер којшто буквално ништо не направи за државата“, порача Филипче.