Страшна несреќа во Белград: Трамвај излета од шините и удри во зграда, меѓу повредените има и дете

Според првичните информации, има најмалку шест повредени лица чиј степен на повреда засега е непознат, а меѓу нив има и дете.

Трамвај што сообраќал низ белградската населба Дорќол во Белград излетал од шините и удрил во зграда во близина.

Според српските медиуми, кабината на трамвајот била целосно згмечена, а од ударот се исфрлени и некои седишта.

Според првичните информации, има најмалку шест повредени лица чиј степен на повреда засега е непознат, а меѓу нив има и дете.

Трамвајскиот сообраќај во овој дел од градот е прекинат, а причината за несреќата е непозната.

Силниот судир предизвикал голема материјална штета на трамвајот, но и на фасадата на зградата во која удрил.

Екипи на брза помош, полиција и противпожарна служба се на местото на настанот.