Полицајците во Скопје вчера напишаа 102 казни за брзо возење

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.

„Притоа од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ – се вели во објавата на МВР.