Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10

Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи - прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, нагласи Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, при денешната работна посета во Гевгелија.

Пругата од Илинден до Драчево, како што нагласи, ќе значи многу и за забрзувањето на Коридорот 10.

– Прво ќе значи многу од еколошки аспект. Јас видов многу коментари вчера дека и досега карго возовите не влегувале во Скопје. Тоа е делумно односно многу неточно. Со тоа што некаде пред 30 – 40 години кога првпат била иградена оваа обиколница тоа било така, но со девастирањето што СДСМ го направија со неколку нивни влади на државата, за жал овој коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме целосно да го реконструираме заедно со ЈП „Железници и инфраструктура”, и се заблагодарувам на директорот Синиша Ивановски и на неговиот тим, така што во рекордно време се заврши карго обиколницата во Скопје со што товарните возови веќе нема да минуваат низ центарот на градот. Тоа значи две работи – прво еколошки е одлично, второ ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај, нагласи Николоски.

Според него, тоа е добро и за Гевгелија бидејќи оттука минува Коридорот 10.

– Уште еден проект кој заеднички го сработивме многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме „one stop shop”на железничката станица меѓу Македонија и Грција што значи дека карго возовите веќе не треба два пати да застануваат кога железнички доаѓаат навака, туку имаат само едно застанување. Во моментот работиме на зеднички железнички граничен премин и со Србија што дополнително ќе го забрза транспортот. Тука и е нашиот најголем проект за брза пруга, таму одлично оди подготовката на документација и очекувам, во текот на летото сите документи да бидат завршени, додаде Николоски.

Според вицепремиерот, реализацијата и на овој проект се очекува да биде во предвидениот рок.