
Костовски до обвинителката Коларевиќ: Ја запревте истрагата за ,,Мазут”, а мене ми крадете од животот што не сте ми го дале
Бизнисменот Трифун Костовски на социјалната мрежа Фејсбук јавно и се обрати на обвинителката Катерина Коларевиќ, за која, како што вели, го поднела обвинението за Евростандард банка, предмет во кој е еден од обвинетите.
Бизнисменот Трифун Костовски на социјалната мрежа Фејсбук јавно и се обрати на обвинителката Катерина Коларевиќ, за која, како што вели, го поднела обвинението за Евростандард банка, предмет во кој е еден од обвинетите.
-Госпоѓо јавен обвинител Коларевиќ,
Вие го водите предметот поврзан со Еуростандард банка. Истовремено, во случајот познат во јавноста како „Мазут“, во кој се говореше за износ од околу 160 милиони евра, постапката беше затворена за неполна година, а осомничените беа ослободени од натамошно гонење.
Мојот случај, пак, го водите полни пет и пол години.
Пет и пол години пребарувате, испитувате, анализирате и се обидувате да пронајдете криминал и перење пари. Но не најдовте факти за сторен криминал. Не најдовте перење пари. И што направивте на крајот? Најдовте начин да ме гоните за наводна несовесност.
Кога фактите не се доволни за обвинение, системот, очигледно, бара друг изговор, пишува Костовски.
Тој во продолжение ја прашува обвинителката кому му служи?
-Дали постапувате исклучиво според законот и доказите или под притисок на центри на моќ кои сакаат моето име, мојот углед и мојот живот да бидат уништени?
Верував во Вас. Верував дека функцијата јавен обвинител подразбира независност, совест и храброст. Но, според она што го гледам, моќта на сивата еминенција е голема, а Вие безрезервно ѝ давате поддршка. Затоа сметам дека најчесно би било да си заминете од функцијата јавен обвинител. Само така би можеле од себе да ја тргнете дамката на сомнежот дека наместо на правдата, сте му служеле на нечии туѓи интереси.
Ми крадете од животот што не сте ми го дале…