
Косово го депортираше контроверзниот босански имам Пезиќ, кој проповедаше и во струшко Октиси
Официјалните причини за депортирањето не се откриваат, но според косовските закони, странски државјанин може да биде депортиран од земјата доколку претставува ризик за јавниот ред, државната безбедност или јавното здравје.
Исламскиот проповедник Елведин Пезиќ од Босна и Херцеговина вчера е депортиран од Косово.
Тој бил приведен пред промоција на книга во близина на Пеќ.
Официјалните причини за депортирањето не се откриваат, но според косовските закони, странски државјанин може да биде депортиран од земјата доколку претставува ризик за јавниот ред, државната безбедност или јавното здравје.
Лани во август Пезиќ држел молитва во струшкото село Октиси, а имал јавен настан во Струга.
Toj e следен од 500.000 луѓе на социјалните мрежи кој, меѓу другото, има учење „како да се тепаат жените и да им се ограничи движењето“.