Хрватските пожарникари објавија шокантно видео од самото средиште на пожарот кај Омиш

На видеото се гледа како се гасне пожарот во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот каде ситуацијата била најтешка.

Доброволната противпожарна бригада Трогир објави видео од борбата со големиот пожар кој од областа Локва Рогозница се прошири кон Омиш и околните градови. На видеото се гледа како се гасне пожарот во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот каде ситуацијата била најтешка.

Членовите на бригадата, заедно со бројни колеги, направија извонредни напори да спасат луѓе и имот. На видеото што го објавија се гледа како се приближуваат до загрозените објекти, но во некои области пожарот бил пресилен и покрај нивната вклученост.

Над 150 пожарникари ги бранеа куќите на местото на пожарот, а интервенцијата уште повеќе ја отежна силниот ветер. Во пожарот изгореа околу 900 хектари, едно лице загина, а седуммина се борат за живот. Оштетени и уништени се бројни објекти, а повредени се десетици луѓе.