
Скопјанката Александра преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за случај на насилство врз жена што, според неа, се случил среде бел ден во Скопје.
Таа наведува дека насилник брутално ја тепал и давел жената, а нејзината ќерка се обидела да интервенира и да и помогне.
„Мојата ќерка се обидела да и помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој и рекол: ‘Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’“, напиша Александра.
Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдиле дека случајот е пријавен.
„Денеска околу 11:30 часот во СВР Скопје од страна на лице од Велес, такси возач, пријавено е дека додека превезувал две лица на подрачјето на Скопје, машкото лице вербално и физички ја нападнало жената, најверојатно негова сопруга“, велат од МВР.