Детска тура го отвора 44. традиционално искачување на Титов Врв
Со детска едукативна тура и забавни активности за најмладите, денеска стартува програмата во рамки на 44. традиционално искачување на Титов Врв на Шар Планина, што го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово.

Како што е најавено, повеќе од илјада планинари од земјава и регионот се очекуваат викендов да учествуваат на главното искачување, кое ќе се одржи на 31 мај.
Настанот, кој важи за една од најмасовните планинарски манифестации во државата, ќе се одржи во духот на долгогодишната традиција, заедништвото и љубовта кон планината. Искачувањето традиционално ќе почне од Попова Шапка, по Вакуфската патека кон врвот.
Во рамки на настанот е предвиден и планински базар со локални производи и ракотворби, како и дружење со музичка програма на Попова Шапка.
Традиционалното искачување на Титов Врв е дел од календарот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.