Промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски

Сликовницата „Големиот сон“ неодамна го освои првото место на Саемот на книгата за поттикнување општествена одговорност, признание што го доделува Македонската асоцијација на издавачи. Според жири-комисијата, делото има за цел да поттикне прифаќање на различностите и да испрати порака дека тие не треба да бидат пречка за остварување на соништата.

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода денеска ќе биде промовирана сликовницата „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски.

Книгата ја раскажува приказната за девојчето Тина, кое има голема љубов кон музиката и сонува да стане ѕвезда. Преку нејзината приказна се испраќа порака дека со храброст, поддршка од пријателите и верба во себе, секој сон може да стане реалност.

Промоцијата ќе има инклузивен карактер, а како специјални гости најавени се Дац и Александар, Ана Витанова – инспирација за главниот лик во сликовницата, како и Марија Савеска.

Сликовницата „Големиот сон“ неодамна го освои првото место на Саемот на книгата за поттикнување општествена одговорност, признание што го доделува Македонската асоцијација на издавачи. Според жири-комисијата, делото има за цел да поттикне прифаќање на различностите и да испрати порака дека тие не треба да бидат пречка за остварување на соништата.

„Големиот сон“ е издание на „Прозарт медиа“, а објавувањето е поддржано од повеќе компании и институции.