
(ВИДЕО) Проф. д-р Поповски: Најважен е натпреварот со самиот себе
➡„Најважен е натпреварот со самиот себе, да се погледнам пред една година, дали во тие 365 дена успеав да направам нешто повеќе, да научам нешто повеќе, или да придонесам нешто повеќе во знаење во однос на минатата година“, смета проф. д-р Петар Поповски.
„Данската академија има долга традиција, од 300 и повеќе години. Надворешни членови биле еминентни луѓе како Чарлс Дарвин, Алберт Ајнштајн, Марија Кири, а Нилс Бор бил претседател на академијата. Тие генерално биле насочени кон природните науки, општествените, кои се сметаат за фундаментални, а јас сум во инженерските науки.
-Но сепак последниве години започна и прием на членови во инженерските науки, затоа што се подразбира дека и тие можат да направат фундаментални придонеси.
-Посебно со ова што се случува со технолошки напредок и дигитализација се сфаќа дека и тоа има придонес, како и дека е потребно да ги имаат тие профили на создавање на научно-истражувачка политика во земјата, во давање на насоки на политичарите за индустрија и слично.
„Најважен е натпреварот со самиот себе, да се погледнам пред една година, дали во тие 365 дена успеав да направам нешто повеќе, да научам нешто повеќе, или да придонесам нешто повеќе во знаење во однос на минатата година“, смета проф. д-р Петар Поповски.
Целото интервју погледнете го во видеото