Како ќе се прелее руско-украинскиот конфликт врз македонската економија?
Дали домашните компании кои работат со Русија, Украина, но се со ЕУ ќе се соочат со последици врз работењето?
До кога ќе се толерираат воените профитери?
Зошто Стопанската комора не ја повлекува поднесената иницијатива пред Уставниот суд за уставноста на законот недела да биде неработен ден?
Ова се само дел од прашањата и дилемите на кои одговараше претседателот на Стопанска комора на Македонија – Бранко Азески во вечерашното издание на Трилинг.
„Мора да ги решиме политичките проблеми во државата за да можеме да створиме институции кои ќе бидат ставени во функција на бизнисот. Бизнисот страда. Ако не го зачуваме бизнисот нема да ја зачуваме државата. Сите кои можат да направат коалиција и да се спротивстават на неразумното трошење“ вели Азески кој 17 години е претседател на СКМ.
Азески ја повтори изјавата на Франсоа Митеран дека „треба за да една држава да се етаблира, да биде сериозна, да поминат 50 години. Тој период ни се намалува, а тоа го зголемува степенот на одговорност на сите нас“.