Румен Радев и Анастас Герџиков ќе се натпреваруваат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија
Излезните анкети од претседателските и парламентарните избори во соседна Бугарија покажуваат дека излезноста денеска била 32,9 отсто, соопшти Агенцијата за истражување Алфа.
За актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за нов мандат Румен Радев гласале 49,1 процент од граѓаните, а за Анастас Герџиков – 26,5 отсто.
Во рамки на парламентарните избори, ГЕРБ на Бојко Борисов освои 24,8 отсто од гласовите, коалицијата Продолжуваме со промената на двајцата поранешни министри од преодната влада освои 24,1, БСП на Корнелија Нинова освои 13,7, ДПС – 10,7, -партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ освои 7,8…
Следниот претседател на Бугарија ќе биде избран во вториот круг на 21 ноември, а во 47. Народно собрание на Бугарија најверојатно ќе има пратеници од седум политички партии.