Популарниот музичар Ед Ширан (31) вчера бил во судот во Лондон, во одбрана на својот хит од 2017 година – „Shape Of You“.
Тужба за авторски права Ширан доби од Семи Чокри, попознат како Семи Свич, и неговиот продуцент Рос О’Доногју. Тие тврдат дека некои стихови од песната на Ширан потсетуваат на стиховите во нивната песна од 2015 година – „Oh Why“. Британецот е обвинет копирал дел од песната.
Поради тоа Ед Ширан морал да отпее дел од песната во судница.