Македонката министерка за одбрана – Славјанка Петровска при официјалната посета на Обединетото Кралство и средбата со британскиот министер за одбрана, Бен Валас беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на песната „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.
На официјалната церемонија, британската војска на македонски јазик ја поздрави министерката, по што воениот оркестар ја изведе македонската песна. На овој начин, домаќините изразија почит кон С. Македонија, со што уште еднаш се потврди сојузништвото и соработката на двете земји, членки на НАТО.
Освен со британскиот државен секретар за одбрана Бен Валас, Петровска во Лондон се сретна и со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, сер Стјуард Пич, а учествуваше и на тркалезна маса посветена на современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз Западниот Балкан, организирана од кралскиот институт РУСИ (The Royal United Services Institute).