(Видео) Јанушев: Овие избори се последна шанса работите да се променат од темел!

Вечерва дискутиравме со поранешниот генерален сектретар од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,

На почетокот на емисијата тој рече дека ги поминал сите скалила во ВМРО-ДПМНЕ.

Кога некој ќе процени дека сум потребен секогаш ќе бидам тука и за партијата и за државата. Секогаш кога имало потреба од извршување партиска задача дали во избори или не, сум бил тука за партијата, започнува тој.

Јанушев негира дека се концепциски се разединил со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Неговото повлекување од партијата вели дека било од фамилијарни причини.

Овие избори Јанушев вели дека ќе бидат „последна шанса“ да почнат работите да се менуваат од темел.

Тој ја отфрла тезата дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет потенцирајќи дека имаат повеќе од 20 коалициски партнери.

Прашањето дали постои коалициски капацитет е декласирано. ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 20 коалициски партнери во моментов и во минатото, вели тој.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.

Да се успее да се дојде до подобра преговарачка рамка со Бугарија потребен е квалитетен министер во МНР, она што моментално го немаме, вели Јанушев.

Јанушев вели дека неговата партија е апсолутен фаворит за победа на следните парламентарни избори.