(Видео) Грковска за гонењето организиран криминал: Недопусливо е Абази да го нема воопшто во јавноста!

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска е наша гостинка вечерва во „Трилинг“. Таа дава критики за Ислам Абази и гонењето организиран криминал велејќи: Недопусливо е господинот Абази да го нема воопшто во јавноста. Ние не сме го виделе во јавноста да излезе и да ѝ соопшти на јавноста да каже што работи Обвинителството за организиран криминал.

„Хибриден режим“ од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ или „Заробена држава“ од СДСМ и ДУИ. По ваквата најава, новинарот Горазд Чомовски упати директно прашање до вицепремиерката Грковска за притисоците врз Беса Адеми и односите во Судскиот Совет.

Немам такви информации. И јас реагирав кога имаше вакви изјави од претходни претседатели на Судскиот совет. И јас очекувам од претходни претседатели на Судскиот совет. Очекувам од судиите да имаат поголема храброст и интигритет да ги посочат јавно имињата кои им вршеле притисок и уште повеќе да поднесат пријава за вршење на таков притисок. Тие точно ја знаат целата процедура како тоа се инситуционализира, започнува Грковска за нашата емисија.

Таа додава дека нема реакција за Судскиот совет, а проблемите ги адресира немајќи суштинска и институционална процедура за ваквите обвинувања.

Ние не смееме тоа да го прифатиме, заклучува вицепремиерката.

Грковска во однос на владеењето на правото и политичките притисоци врз судовите вели дека не чувствува одговорност

Недозволиво е да недостига мерит систем за избор на судии и обвинители и да биде доволна само дека сте посетувале некоја обука, а потоа да нема ефекти од знаењето стекнато на тие обука. Активностите кои ги имаме се да се поттикнат чесните обвинители сами да се изборат да се скрши таа солидарност која ја има меѓу колегите. Самите од внатре да најдат механизам како да ја изолираат онаа мала група на луѓе која фрла црно и го руши целото општество од внатре, вели Славица Грковска.

Таа потенцира дека не е се во нејзини раце, а додава дека го дала својот максимум.

За жал не сум истражен орган. Не сум тоа што луѓето го очекуваат обвинител, не сум судија, ја немам таа моќ да правам се од еднаш. Меѓутоа сум го направила максимумот што ми стои на располагање, вели Грковска амнестирајќи се себеси од одговорност.

За американската црна листа и изјавите на амбасадорката Агелер таа ги оценува како „бесрамност на органите на прогон“.

Прво како граѓанин, потоа и како вицепремиер ме разочарува таа една леснотија на непрофесионално постапување на неказнивост и немање чувство на одговорност. Сите ние го креираме општеството во кое живееме. Една бесрамност имаме од судските органи. И покрај актуелни случаи само бевме сведоци дека беше кажано дека ќе има контрола, а немаше отпосле никаква реакција отпосле каков е наодот. Од друга страна бевме сведоци дека можат да бидат ефективни и ефикасни кога станува збор за нивни интереси. Советот на јавни обвинители го смени нивниот кодекс само да ја казни Ленче Ристовска. Во таков случај може да бидеме ефикасни, а во други случаи, не, вели таа.

Таа дава краток заклучок велејќи: Независноста не значи самоволие, напротив значи уште поголема одговорност.

На прашањето зошто не е покренато обвинение против Љупчо Палевски по двојното убиство, Грковска вели дека тоа би било мешање во правосудните органи.

Ако јас се јавувам и влијаам какво би било постапувањето. Очекувањата на целата јавност се дека некои лекции треба да ги научиме по 30 години независност, вели таа за грозоморното двојно убиство и виновникот Палевски.

На крајот, таа дава критики за Ислам Абази и гонењето организиран криминал.

Сметам дека Обвинителството за организиран криминал. Недопусливо е господинот Абази да го нема воопшто во јавноста. Ние не сме го виделе во јавноста да излезе и да ѝ соопшти на јавноста да каже што работи Обвинителството за организиран криминал. Не за текот на постапката се разбира, но би било добро за граѓаните да знаат што и како се работи. Сите ние ги плаќаме обвинителите и судиите. Затоа и реагирав минатата година. Недопусливо е да имаме исти критериуми за различни обвинителства.