Универзитетскиот професор и член на Советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски, Ненад Марковиќ вечерва беше наш гостин во „Трилинг“ со кого дискутиравме за актуелните прашања.
ВМРО-ДПМНЕ ќе има коалициски капацитет само ако прифати уставни измени. Секоја друга варијанта не би довела до формирање влада, особено не со албанските партии, започнува Марковиќ.
Марковиќ како опција ги спомнува и помалите политички партии.
Се зависи од изборните резултати. Можеби тука се и варијантите за коалиција со Левица или со партијата на Максим Димитриевски ако можат да се доведат до 61 пратеник, дополнува професорот.
Тој смета дека клучното прашање се уставните измени.
Основното без кое не се може се уставните измени. Без ова прашање кое е појдовно за албанските политички партии нема да може ни да влезе во преговори за такво нешто, вели Марковиќ.
Марковиќ адресираше дека ВМРО-ДПМНЕ има многу аномалии и во опозиција, а вели дека „суштински тешко е нешто да се направи“.
На новинарско прашање „Каква порака испраќа О’Брајан“ Марковиќ вели дека како доаѓаат така е се полошо.
Мислам дека колку повеќе доаѓаат и не предупредуваат за аномалии толку повеќе ние се осеќаме под притисок и толку полошо функционираме. Не направивме никаков механизам, ниту внатрешен, ниту надворешен кој би довел до подобрување на правосудството. Нема никаква последица по луѓето кои се на Црните листи, нема темелна истрага зошто се ставени таму и кои се податоците. Има елементи за опширна истрага, потенцира Марковиќ за „Трилинг“.
Тој дава и краток заклучок за Црните листи.
Не треба да чекате Црни листи за да адресирате вакви проблеми, заклучува универзитетскиот професор и член на Советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски.
Што се однесува до правото пак, Марковиќ вели дека евентуалната промена на владата нема да голема промена, особено не во правосудството.
„Никогаш Северна“ има толкава важност бидејќи луѓето не се бават со реалните проблеми. Кога луѓето би се бавеле со судството, здравството, образованието тогаш овие теми би им биле помалку важни, вели професорот Марковиќ.
За промената на личните документи Марковиќ вели дека префрлањето на одговорноста ја гледа како „екстремно глупава тема“ за која за џабе се губи енергија.
Може да се реши со една нота на МНР на двете држави, едно обично известување кое Грција нема ни многу да се потресе. Една политичка тема ни ја губи енергијата, вели тој.
Тој во текот на емисијата повторува дека не може да се избега од уставните измени.
Целата емисија може да ја погледнете во продолжение: