(Видео) Корупција и неказнивост – каде се наоѓа Македонија денес? Одговараат Грковска, Марковиќ и Јанушев

Битката против корупцијата и неказнивоста остануваат најголем проблем на нашата држава. Каде е Македонија денес? На ова исто прашање разговараме со тројцата гости во нашето вечерашно издание на „Трилинг“.

Станува збор за вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, универзитетскиот професор и член на Советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски, Ненад Марковиќ и поранешниот генерален сектретар од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Професорот Ненад Марковиќ вели дека нашата држава не ја гледа како заробена држава. Тој не се согласува со парадигмата „вака никогаш не било“ и според него оваа реченица се користи пред избори за да биде радикализирано едно гласачко тело независно од која политичка партија доаѓа.

Не би категоризирал Македонија како заробена држава, но дека не можеме да излеземе од квалификацијата „хибриден режим“ тоа е факт. Има една добра работа која се случи во последните 7-8 години, а тоа во однос на слободата на медиумите. Јас не сум видел држава во која опозицијата има под контрола повеќе, или во најмала рака исто простор заземено како и владата. И тоа е добриот дел од приказната. Е сега, она што е лошо е се останато. Тука спаѓа делот на владеење на правото, правосудството. Да не се залажуваме, парадигмата „вака никогаш не било“ е константа кај нас. Имаме впечаток дека дупката која се создава е се поголема, а всушност вака никогаш не било владее за да биде радикализирано едно гласачно тело, вели Ненад Марковиќ.

Професорот поентира дека не знаеме како да дојдеме до поинаки солуции.

Ние немаме капацитет или не знаеме како да функционираме поинаку за да дојдеме до поинакви солуции, заклучува професорот.

На истото прашање одоговор дава и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска која поентира дека

Кога се однесува на борбата против корупцијата и организираниот криминал ние сме далеку од тоа да бидеме задоволни во последниве две години. Тоа е прилично мал период за оние кои се нови во владата особено оние кои се нови таму. Тука особено спаѓа и тоа што еден добар дел од резултатите или од мислењето во јавноста се однесува и на институциите врз кои владата нема ингеренции: правосудниот систем. Ефективната завршница на крупни криминални случаи изостануваат, а тоа е разочарувачки за секој грѓанин на нашта држава, вели вицепремиерката Грковска.

За идентичното прашање даде свој одговор и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ кој е поранешен генерален сектретар на партијата.

Колку и да се случија лоши работи во времето на владеење на СДСМ и ДУИ има една работа која народот може да ја види меѓу „режимот“ условно кажано во тоа време со сите свои негативни карактеристики и оваа слободоумна мисла“ на моменталните раководители на државата. Ако ми барате одговор кое е тие двете јас би рекол дека е сублмат и од двете со уште неколку негативни епитети додадени на тоа, вели Игор Јанушев.

Ова со видео може да го погледнете во продолжение: