„На прашање колку руски капитал има во земјава – претпоставките се дека околу 400 милиони долари вкупен досега вложен капитал, пред се во Лукоил, Те-То, средствата вложени во компаниите во ТИРЗ – Бунарџик, и секако Макс-бет, инвестиции во спортската сала „Јане Сандански“ и понатаму во спортските екипи“ – вели Дејан Бишлиев, извршен директор на Македонско-руска комора за Трилинг.
Тој вели дека „во услови на санкции во кои се наоѓа руската економија, се уште СВИФТ системот, исклучување на некои банки, остави простор дел од банките да работат. Нема можност сомнителен руски капитал да влезе во земјава. НБ ги следи тие текови“.
Бишлиев сета дека „дали ќе имаме контра санкции од Русија – очекувам, има основа за такво нешто. Во 2014 година кога западните земји упатија санкции, Русија направи контрасанкции. Да видиме каков ќе е обемот, дали ќе се во 100% или само кон определена гранка, во овој момент никој не може тоа да го каже“.