„Доволни се стоковите резерви, и за нафтата и нафтените деривати. Не смееме да ги кажеме количините, но планот за стокови резерви е испочитуван. Сите членови на Владата кои имаат безбедносен сертификат имаат увид колку има нафта, бензин, пченица, јачмен, брашно во државата, но тоа е класифицирана информација. Граѓаните треба да бидат спокојни, не треба да има паника. Залихи и количини има доволно“ – вели во најновото издание на Трилинг министерот за економија, Крешник Бектеши.
Бектеши вели дека „не сме побарале пченица и пченка од Србија, нашите резерви ги задоволуваат потребите. Би сакал ако има добра волја, да не извести за денот кога ќе започне испораката, ако имаат количини кои не им требаат, да се организираме да ја пречекаме нивната пченица и пченка. Го повикувам Вучиќ, ако не е предизборна кампања, нека почнат со испорака, ќе ја прифатиме нивната добра волја“.