„Историски гледано, светот постојано е во воени конфликти. Чудно беше за нас што ваков конфликт ни се случува во Европа, во 21 век. Инаку војните не се ништо ново. Во Мали, во Африка постои војна веќе 10 години, никој не се возбудува за тоа. Инаку, за прогнозите дали ќе има војна или не, беше тешко да се прогнозира. Конфликт од вакви размери тешко кој прогнозираше“ вели Дејан Маролов, универзитетски професор за Трилинг.
Професорот е со став дека „во 1999 конфликтот во Југославија беше без резолуција од ОН, во Украина интервенцијава на Русија исто така Совет за безбедност е прескокнат како орган. Ситуациите не беа 100% исти“.
Маролов потенцира дека „ова е агресија врз членка на ОН, треба да заседава Совет за безбедност“.