Од 24. февруари кога започна воената инвазија на Украина од страна на Русија, загинаа 28 деца, а 64 се ранети во руските напади. Оваа информација денеска ја соопшти Дарија Херасимчук, советничка на украинскиот претседател за правата на децата и рехабилитација.
„Уништени се родилишта, градинки, училишта. Околу еден и пол милион деца, останаа во области погодени од гранатирање и под опсада, вклучувајќи сирачиња и млади со попреченост на кои им е потребна итна помош“ – појасни Херасимчук.
На 24. февруари Путин ѝ објави војна на Украина и започна инвазија од големи размери. Во земјата беше воведена воена состојба, се најави и општа мобилизација.