Лукашенко: Армијата на Белорусија не учествува во руската воена операција во Украина!

„Белоруската армија не учествувала и нема да учествува во руската воена операција во Украина“. Ова го изјави денеска претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко.

Тој рече дека имал долг телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Русија, според него, само ја користи територијата на Белорусија за да изврши инвазија на Украина.