Хана Малијар – украинската заменик-министерка за одбрана денеска на својот Фејсбук профил објави дека руските сили од почетокот на нападот во Украина имаат околу 4.300 жртви.
Таа додаде дека бројката се уште се утврдува.
Малијар за загубите во техника на руските сили вели дека се околу 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери.