Дачиќ најави претседателска кандидатура во Србија

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, најави дека ќе се кандидира за претседател на Србија и порача дека оди на победа доколку биде кандидат на претстојните претседателски избори.

На централниот предизборен митинг на коалицијата „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилноста“, одржан во Белградската арена пред 20.000 луѓе, тој ги повика гласачите да ја поддржат неговата листа и на парламентарните избори.

– Затоа, ова не се само парламентарни избори. Кој сака јас да бидам кандидат за претседател, треба да гласа за нас и на парламентарните избори, за листата со број два – рече Дачиќ.

Во својот говор, тој оцени дека студентската листа претставува „најголема пречка за факторот на стабилноста“, истакнувајќи дека е помлад од 73 кандидати на таа листа.

Според соопштението на СПС, Дачиќ во таа прилика најави и измени на Законот за работни односи.

Зборувајќи за полицијата, тој порача дека е на нејзина страна и најави нови вработувања во полициските редови.