
(ВИДЕО) Разговори со Миноски, проф. Даскаловски и невропсихологот Тина Васков
➡За ребалансот на буџетот, задолжувањата, недостигот на работна сила, демографската состојба, интервју со поранешниот министер за финансии со Кирил Миноски. Разговор со универзитетскиот професор Жидас Даскаловски по средбата на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија. Кои се можните излезни решенија за деблокада на македонскиот евроинтегративен пат? Која е смислата на животот? Што ги прави луѓето се депресивни, анксиозни, агресивни, отуѓени...? Која е смислата на животот? Има ли рецепт за среќа? Прашања и дилеми на кои одговор побаравме од Тина Васков клинички невропсихолог.
За ребалансот на буџетот, задолжувањата, недостигот на работна сила, демографската состојба, интервју со поранешниот министер за финансии со Кирил Миноски. Разговор со универзитетскиот професор Жидас Даскаловски по средбата на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија. Кои се можните излезни решенија за деблокада на македонскиот евроинтегративен пат? Која е смислата на животот? Што ги прави луѓето се депресивни, анксиозни, агресивни, отуѓени…? Која е смислата на животот? Има ли рецепт за среќа? Прашања и дилеми на кои одговор побаравме од Тина Васков клинички невропсихолог.

„Имаме две главни поенти коишто треба да ги анализираме. Првото прашање е поврзано со ликвидноста, финансиската одржливост на буџетот, дали е неликвиден или има доволна фискална одржливост, или поради тоа е неопходно да се прави овој ребаланс.
-Второто прашање е дали ние потфрламе во процесот на буџетското проектирање. Невообичаено е во толку краток временски период да се направат овие две баланси. Одговорот е некаде помеѓу – дали навистина доаѓа до ребаланс којшто е резултат на новонастаната ситуација со геополитичката нестабилност, растот на цената на нафтата и нафтените деривати и потребата од интервенција, што на некој начин ќе го намали износот на средства коишто ќе се слеат во буџетот на приходната страна, или станува збор за несоодветно планирање, заради тоа што пред два месеци состојбата горе-доле беше идентична во светот. Постоеше нестабилност на Блискиот и на Средниот Исток и на некој начин овие прашања и потребата од вакви интервенции можеа да бидат адресирани.
-Во однос на буџетскиот дефицит, и покрај декларативната заложба во фискалната стратегија за фискална консолидација, гледаме дека во континуитет на што на некој начин претставува и законски лимит од 3% од буџетски дефицит се пробива и со вториот ребаланс се пробива на 4,1%, што генерално укажува дека место намалување имаме зголемување на јавниот долг. Тоа се прашања и сериозни предизвици во однос на водењето на фискалната политика во претстојниот временски период“, изјави Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, околу прашањето каде недостигаат пари и дали стануваме дупка без дно, осврнувајќи се на вториот ребаланс на буџетот во 2026-та година.
Прашан дали проблемот е во неликвидноста, во лошото менаџирање со финансиите, или погрешно распределување на средствата, Миноски вели дека најдобрите информации се следат во Министерството за финансии.
„Они ја следат дневната ликвидност и знаат каква е состојбата со парични средства – дали постојат заостанати обврски, поврати на ДДВ, неисплатени договорни услуги, и колкав е тој износ на трошењето на расходната страна.
– На приходната страна ако гледаме дека има определено потфрлање коешто може да биде резултат на интервенциите на нафта и нафтените деривати, треба да се разгледа расходната страна. Што се случува со расходната страна, кадешто гледаме дека најголем дел од средствата одат за тековна потрошувачка и за исплата на стоки и услуги. Износот за капитални инвестиции горе-доле е прилично ист, но треба да се види каква е структурата на тие капитални инвестиции, и какво ќе биде нивното влијание врз економијата“, вели Миноски.
Каде дел од упатените велат дека недостигаат 1 милијарда евра на Пензискиот фонд, или една милијарда евра се префрлаат за редовна исплата на пензиите, и дали сега како што е поставен ПИОМ е потребна зголемена страсно граница, или треба да се размислува на зголемувања на стапките на придонесите, Миноски смета дека се работи за комплексно прашање, со одговор:
„Во текот на мојата кариера имав прилика директно или индиректно да учествувам во овие пензиски реформи. Нова пензиска реформа треба да биде спроведена со внимателни анализи“, смета Миноски.
„Со овие економски политики коишто досега се спроведуваат, јас не гледам резултати коишто ние ги посакуваме.
-Држави каде што имаме висок „јаз“, на некој начин тешко градат демократски системи, заради тоа што суштината на демократијата е постоење на една стабилна средна класа“, изјави Кирил Миноски, поранешен министер за финансии.

„Би бил сериозно изненаден да има голем исчекор напред во прашањето за македонско-бугарските односи и она што нас нам ни пречи во поставеноста на Бугарија и надворешната политика која ја води, вклучително и надворешната политика во рамките на европските институции, односно институциите на ЕУ“, вели за Трилинг, професорот Жидас Даскаловски.
Прашан каде е главниот камен на сопнување, професорот вели дека суштинска пречка е што во минатото имавме влада којашто прифати на таа македонско – бугарска комисија да биде клучен фактор во прогресот, односно сега имате и формално барање да се заврши работата на таа комисија до крајот на преговорите.
Тој го спомнува и договорот којшто е проблематичен.

„Смислата на животот е во целисходноста.. Она што го правиме, релациите што ги градиме, тоа што секојдневно го работиме, она на што сме изложени…тоа е тоа што ни ја дава смислата.
-Тоа значи дека ако сме опкружени со љубов, ако сме опкружени со активности коишто не исполнуваат, ако секојдневно растеме, учиме, смислата на животот е целисходнонста.
-Да направам нешто од себе и со себе и да оставам трага“.
„Во последно време, она што го гледам, што искрено ме поразува, е што има една тенденција смислата на животот да се бара во хедонизмот“, смета Тина Васков, клинички невропсихолог.
Целото издание на Трилинг можете да го погледнете во видеото