Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа загинале најмалку 3.785 лица, додека 12.493 лица се повредени.
Меѓу жртвите има 1.524 деца и околу 1.000 жени, изјави портпаролот на министерството Ашраф ел Кудра, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека во Газа загинале и 44 здравствени работници.
„Нема залиха на лекови во ниту една болница во Газа“, рече Ел Кудра и ја повика меѓународната заедница да достави хуманитарна помош до палестинската енклава што е можно поскоро.