Адвокатот Александар Тумановски е наш гостин вечерва во „Трилинг“. Тој е член на работната група за подготовка на стратегија за реформи во правосудниот сектор 2023-2027 година и Советот за следење на имплементација на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор при владата на РСМ како претставник на АКРСМ.. „Неказнивоста и неправичноста се најголем проблем“, вели адвокатот.
На прашањето зошто се избрза со парцијални решенија, тој вели дека сигурно има причина.
Сигурно има некаква причина. Ние како работна група која ја подготвуваше новата стратегија за реформи во правосудството, но и како член на совет за реформи при владата на Република Северна Македонија, таквите измени до нас никогаш немаат стигнато, ниту пак сме ги разгледувале да донесеме дали се добри или лоши, започнува адвокатот.
Тој е дециден дека неказнивоста е најголем проблем.
Неказнивоста одамна е како проблем што ни виси. Правната сигурност исто би ја истакнал. Овие измени како адвокат би кажал дека ако имам мој клиент кој го засегнуваат тие измени би кажал дека се добредојдени, но како граѓанин на оваа држава би го истакнал истото како правна несигурност, додава Тумановски.
Според адвокатот фокус треба да се стави на примена на законите.
Во советот за реформи ги изменивме сите закони, сметаме дека законите се добри, но нивната примена е лоша. Тука треба да се фокусираме, вели адвокатот.
На прашањето дали адвокатот при овие измени на кривичниот законик гледа како политичко пазарање тој се иззема од одговорност велејќи дека не е член на ниедна политичка партија.
Не доаѓам од политичка партија. Доколку доаѓав, би кажал и би дал мислење. Од правосудната фела и за нас се малку невообичаени се наглите измени, реформите не може да се носат преку вечер. Тие треба да бидат долготрајно, но да дадат добар резултат кој ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудството.
Зборуваше и околу членот 353 .
Нема логика, и претседателот на комисијата, академикот Камбовски кажа дека моменталните измени се во подготовка. Моментално е правен вакум и мислам дека тоа ќе се искорегира, заклучува тој.