(Видео) Милошоски за Груевски: Нема да дозволиме задкулисни игри, пораката на Мицкоски беше јасна

Поранешниот министер за надворешни работи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска гостуваше во „Трилинг“.

Спласнаа тензиите меѓу раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а за ова разговаравме и со нашиот вечерашен гостин.

Претседателот Мицкоски испрати порака преку германски весник и истата беше издржана и сериозна. Мислам дека беше и сериозно примена од претходниот претседател. Сведоци сме за некои комуникации и затоа сме предупредиле навремено. Тие договори можат да бидат на штета на ВМРО-ДПМНЕ и сметам дека тука ќе заврши оваа мала турбуленција, започнува Милошоски.

Милошоски вели дека сега фокусот треба да се стави да падне оваа власт од СДС-ДУИ. За Груевски додава дека веќе Мицкоски бил јасен и ова е затворена тема.

Пораката на Мицкоски беше јасна – нема да дозволи задкулисни игри, дециден е тој.

Тој даде коментар и за Предлог-законот за амнестија.

За Предлог-законот за амнестија ние кажавме дека најава е можен бојкот на Собранието доколку се стави со европско знаменце, додава Милошоски.

Милошоски вели дека Предлог-законот за амнестија е штетен бидејќи таму се опфаќа и ослободување на извршителите на убиството кај Смилковското езеро.

На прашањето „Дали се препознава како еден од оние кои ќе бидат објавени со бугарски пасош“, Милошоски вели:

Бугарија оваа тактика ја користи како дополнителен притисок да докаже што е нејзината цел, а тоа дека не живеат 1000 Бугари туку многу повеќе од тоа. Самата ваква најава е препознавање на сигнал дека Бугарија нема да застане со нејзината намера и во следниот период и допрва ќе има нови блокади.

Јас имам само едно државјанство, а тоа е на Република Македонија, категорично вели Милошоски.

За односите на релаџија Македонија – Бугарија, пратеникот вели дека било подобро пред „договорот за добрососедство“ на Заев и Борисов.

Проблемот со Бугарија според Милошоски треба да се решава по словенечко-хрватски модел. Компромисот да стапи на сила кога Македонија ќе стапи во ЕУ, вели тој.

За Преспанскиот договор тој вели искрено е тешко да се укине земајќи го предвид  неговото искуство.

Според Милошоски е најдобро претседателските и парламентарните избори да одат во пакет, пред се од економски причини.

Дали и покрај сѐ ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со ДУИ?

И досега сме покажале дека сме имале соработка со речиси сите албански партии, освен со новите. Нам ни е целта да соработуваме со партиите кои сакаат Македонија да се реформира без изговори.

Тој вели дека очекува соработка со албанската опозиција.