Ќе има струја, нема покачување, пред само три недели.
Денес, покачување ќе има, струја ќе нема.
Слабо менаџирање и дилема зошто не се увезат два танкери нафта и веднаш да се рестартира ТЕЦ „Неготино“.
Заев од херој до антијунак. Го урна груевизмот, но не го демонтира национализмот. Зошто лидерот на СДСМ играше се или ништо? И губи се.
Дали фракцијата на Црвенковски се враќа по неговото чедо – СДСМ?
Од ова издание на „Трилинг“ (не)реално со Моџо. Новата рубрика во „Трилинг“ како мисловна провокација.
Новинарот и автор на емисијата „Во центар“ Васко Ефтов, поранешната пратеничка и граѓански активист Ивана Туфегџиќ, Игор Панчевски – експерт за енергетска ефикасност и Марјан Ненов – електроинженер и граѓански активист.