Владимир Чижов – амбасадорот на Русија во ЕУ ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска.
„Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец. Војните во Европа ретко започнуваат во среда“ – рече Чижов во текст објавен во германскиот дневен весник „Ди Велт“.
Ова доаѓа откако американската администрација предупреди дека е можен руски упад во Украина пред затворањето на Зимските олимписки игри во Кина, во недела.
САД и нивните сојузници во НАТО тврдат дека Русија подготвува напад врз Украина, обвинување кое Москва го негира.
Чижов ги осуди забелешките на САД за можен напад врз Украина.
„Кога обвинувате – кога кажувате особено многу сериозни обвинувања против Русија – имате и одговорност да презентирате докази. Во спротивно – тоа е клевета. Па, каде се доказите? – вели рускиот дипломат.
Амбасадорот го повика Западот сериозно да ги сфати безбедносните грижи на Русија.