Зеленски: Украинците се обединети во една желба – да живеат во мир!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски во утринава во телевизиско обраќање рече дека „Украинците се обединети во една желба – да живеат во мир“.

„Имаме целосно право на тоа, бидејќи сме дома, ние сме во Украина. И никој нема да го сака нашиот дом како што го сакаме ние. И само заедно можеме да го заштитиме нашиот дом. Среќен ден на собирот“ рече Зеленски.