По 23 октомври следува уште еден продолжен викенд, последен за оваа година

По продолжениот викенд по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, граѓаните на Македонија до крајот на месецов ги очекува уште еден тридневен одмор, додека до крајот на 2026 година остануваат уште два неработни дена што важат за сите граѓани.

Годинава, 11 Октомври се падна во недела, поради што празничниот одмор е продолжен и на денешниот понеделник, 12 октомври, кој е прогласен за неработен ден.

Нова можност за продолжен викенд ќе има веќе следната недела. На 23 октомври, кој се паѓа во петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба. Бидејќи празникот се надоврзува на саботата и неделата, граѓаните ќе имаат три последователни слободни дена, од 23 до 25 октомври.

Ова ќе биде и последниот продолжен викенд во 2026 година што произлегува од државните празници кои важат за сите граѓани.

По октомвриските празници, следниот и воедно последен неработен ден за сите граѓани годинава е 8 декември, кога се празнува „Св. Климент Охридски“. Празникот се паѓа во вторник, па нема да овозможи автоматско спојување со викендот.

Со тоа се заокружува календарот на неработни денови за сите граѓани во 2026 година, додека за припадниците на одредени верски заедници и други категории граѓани се предвидени и дополнителни неработни денови согласно законските одредби.