Стотици Италијанците со позната песна го испратија Тото Кутуњо

Утринава голем број обожаватели се собраа во миланската базилика Свети Нереј и Ахил, каде имаше погребна миса за светски познатиот италијански кантавтор и пејач – Тото Кутуњо.

Насобраните со долги аплаузи го поздравија ковчегот со телото на познатиот кантавтор и пејач, а на влезот во црквата музичари со усна хармоника и гитара ја изведоа најпознатата песна на Кутуњо, „Вистински Италијанец“ (l’Italiano verro). која стана национална химна во 1980-тите, потсетува торинскиот дневен весник „Стампа“.

Кутуњо беше плоден автор кој пишуваше текстови и компонираше за многу италијански уметници и големи светски ѕвезди, а меѓу оние кои дојдоа да го испратат славниот пејач имаше и бројни колеги и почитувачи на италијанската естрада.