(ВИДЕО) Проф. д-р Трајанов: Потребни се дата центри за дигитален суверенитет

-Очигледно имаме некаква дискрепанца на којашто требаме да работиме. Во таа насока дискусиите на оваа тема треба да придонесат сите да разбереме што не очекува, односно што што се новите технологии. А тие нови технологии како што се Вештачката интелигенција (ВИ) за да можат да работат, бараат нивната работа да се одвива на компјутери коишто се ставаат во дата центри“, вели проф. д-р Димитар Трајанов раководител на проектот Везилка.

„Ако се гледа нашата ИТ индустрија во просек по глава на жител, нашата ИТ индустрија е над европскиот просек. Но ако се гледа другиот дел, дигиталната писменост на населението таа е под европскиот просек.

-Очигледно имаме некаква дискрепанца на којашто требаме да работиме. Во таа насока дискусиите на оваа тема треба да придонесат сите да разбереме што не очекува, односно што што се новите технологии. А тие нови технологии како што се Вештачката интелигенција (ВИ) за да можат да работат, бараат нивната работа да се одвива на компјутери коишто се ставаат во дата центри“, вели проф. д-р Димитар Трајанов раководител на проектот Везилка.

Прашан зошто се неопходни дата центрите и кои се бенефитите, а истовремено ризиците од изградбата на дата центрите, професорот вели дека кај секоја технологија има бенефит и ризик.

„Кога одлучувате нешто правите баланс меѓу бенефитот и ризикот. Од аспект на дата центрите суштинската работа е следна – кога имате дата центар кај вас, тоа значи дека податоците коишто се на тој дата центар се под вашата правна јурисдикција. Доколку сакаме нашите податоци да бидат под јурисдикција мора да дозволиме тие дата центри да бидат кај нас.

-Во спротивно податоците ќе бидат во Америка, во Европа, Кина, и тие држави ќе одлучуваат што ќе се прави со тие податоци. Така што имајќи предвид дека со дигитализацијата и ВИ, количеството на дигитални сервиси коишто ги добиваме секојдневно се зголемува, прашањето на тоа дали имате или немате дата центри, е прашање на дигитален суверенитет. Односно дали државата има контрола над податоците и сервисите во дигиталниот свет, или нема“ вели проф. д-р Димитар Трајанов.

Осврнувајќи се на тоа дали ние имаме можност во реализацијата, како и дали се земаат предвид дека за дата центрите ќе биде неопходно големо количество на струја и водни ресурси, односно дали ние како мала држава ги имаме, професорот вели дека во проектот како што е Везилка, Грција добила пари од ЕУ и тие вложиле 50%.

„Купија компјутер и прават дата центар кој што чини 70-80 милиони евра. Кај нас се говореше дека ќе се прави дата центар за 2 милиони, за 20 милиони евра. Значи дај Боже некој да сака да вложи 100 или 200 милиони за дата центар кај нас.

-Но мислам дека тоа нема да се случи. Треба да ја видиме нашата реалност и да видиме што може во Македонија да се прави и да поддржиме во рамките на капацитетите коишто можеме да ги издржиме. Мислам дека тука немаме никаков проблем да имаме мал дата центар.

Во држава во којашто реално немаме поголем дата центар, дали стратешки можеме да се оставиме да немаме ниеден“, додава Трајанов.

Целото интервју погледнете го во видеото