(ВИДЕО) Разговори со проф. д-р Бојаџиев, проф. д-р Трајанов, Мајсторовиќ и Павловска

Во новото издание на Трилинг гостуваат проф. д-р Марјан Бојаџиев, проф. д-р Димитар Трајанов раководител на проектот Везилка, Срѓан Мајсторовиќ претседател на Центарот за европски политики во Белград и ликовниот уметник Мариа Павловска.

Во новото издание на Трилинг гостуваат проф. д-р Марјан Бојаџиев, проф. д-р Димитар Трајанов раководител на проектот Везилка, Срѓан Мајсторовиќ претседател на Центарот за европски политики во Белград и ликовниот уметник Мариа Павловска.

„Македонија мора да има оперативен суфицит ако сака да биде нормална држава. Ние сме како ‘од дрвава не се гледа шумата’.

-Излегуваат официјални функционери од сите досегашни влади и велат ‘ситуацијата е добра’. Но ситуацијата е многу лоша, а ќе биде уште полоша.

-Ние викаме се е добро, ќе се задолжиме и ќе тераме. Тоа е недопустливо“, вели проф. д-р Марјан Бојаџиев.

„Ние никогаш не достигнавме инвестициски рејтинг. Нас дури и ни е намален од пред 10 години.

-Ние немаме луѓе, мора од тоа да почнеме.Ние официјално говориме за 10 до 15% невработеност а уште толку примаат соццијална помош, значи ги храниме. Недопустливо и неиздржливо.

-Прво Фискалниот совет побара зголемување на надоместок за пензиско осигурување. Втора мерка која што според мене е единствено одржлива е да се укине курентното финансирање на пензија. Ние ќе имаме се помалку нова работна сила. Притисокот, јазот, само ќе се зголемува во иднина.

-Тоа подразбира реструктурирање на буџетот. Наместо раксалашено трошење“, вели Бојаџиев.

-Очигледно имаме некаква дискрепанца на којашто требаме да работиме. Во таа насока дискусиите на оваа тема треба да придонесат сите да разбереме што не очекува, односно што што се новите технологии. А тие нови технологии како што се Вештачката интелигенција (ВИ) за да можат да работат, бараат нивната работа да се одвива на компјутери коишто се ставаат во дата центри“, вели проф. д-р Димитар Трајанов раководител на проектот Везилка.

Прашан зошто се неопходни дата центрите и кои се бенефитите, а истовремено ризиците од изградбата на дата центрите, професорот вели дека кај секоја технологија има бенефит и ризик.

„Кога одлучувате нешто правите баланс меѓу бенефитот и ризикот. Од аспект на дата центрите суштинската работа е следна – кога имате дата центар кај вас, тоа значи дека податоците коишто се на тој дата центар се под вашата правна јурисдикција. Доколку сакаме нашите податоци да бидат под јурисдикција мора да дозволиме тие дата центри да бидат кај нас.

-Во спротивно податоците ќе бидат во Америка, во Европа, Кина, и тие држави ќе одлучуваат што ќе се прави со тие податоци. Така што имајќи предвид дека со дигитализацијата и ВИ, количеството на дигитални сервиси коишто ги добиваме секојдневно се зголемува, прашањето на тоа дали имате или немате дата центри, е прашање на дигитален суверенитет. Односно дали државата има контрола над податоците и сервисите во дигиталниот свет, или нема“ вели проф. д-р Димитар Трајанов.

„Студентско движење е прилично атипичен вид политичка организација на јавноста во една земја. Обично луѓето гласаат за политички партии, кои имаат свои програми, кои имаат свои планови, па од таа перспектива ова движење се смета за премногу некохерентно, разнородно, па дури и се сомневаат дали постои некаков план, но план постои.

-И додека разговараме, се прават планови за транзицијата, за тоа на кој начин ќе биде формирано прво Собранието, а потоа формирана и Владата, така што немам сомнеж дека таа транзиција ќе биде многу ефикасна и дека ќе се заснова на одредени планови и програми.

-Причината зошто е потребна ефикасност во овој момент е фактот што Србија навистина се соочува со сериозни предизвици и во таква земја, при ваков вид промена на политичкиот систем, неопходно е што побрзо да се формира ефикасна влада.

Мајсторовиќ смета и дека во овој момент не може да се знае дали студентското движење ќе остане само како движење или ќе прерасне во политика партија.

„За тоа можеме само да шпекулираме во овој момент, едноставно никој не може со сигурност да каже. Меѓутоа, јас сум склон да верувам дека тоа движење ќе потрае подолго, извесно време имајќи ја предвид огромната одговорност што членовите на тоа движење ја носат на грбот и големата поддршка што им ја дадоа граѓаните на Србија, пред какви било идеи за некакви поделби.

-Мислам дека сите пред сѐ ќе имаат чувство на одговорност кон таа поддршка што ја добија од граѓаните и јас предвидувам дека ова движење веројатно еден мандат барем еден четиригодишен мандат ќе има стабилна поддршка во рамките на парламентот.

-А поделбите внатре во толку, да кажам, некохерентни здруженија се секогаш можни.

Студентското движење е она што на англиски се нарекува сеопфатно („catch-all“) движење.

-Тоа опфаќа и десни идеологии, и леви идеологии, и центристички идеологии и природно е внатре во такво движење да постојат, а на крајот на краиштата и легитимни се политичките разидувања.

За улогата на САНУ во победата на студентите. Мајасторовиќ смета да дека „Она што е голем успех на студентското движење во Србија е тоа што на некој начин ја деидеологизираше политичката активност“.

„Секој од нас живее во една околина. Имате импресии, меѓутоа внатрешни истражувања на инпресиите, во кои ве опколуваат. И тоа секој го восприма на свој единствен начин“, вели ликовниот уметник Мариа Павловска.

Прашана на тоа дали гледа преку нејзината уметност праќа порака за полариција на општеството на поларизацијата и глобализацијата, Павловска е децидна: Апсолутно.

Меѓудругото таа додава и дека:

„Да имате изложба на квази автори во национална галерија, и да имате во музеј на современа изложба на штотуку дипломиран студент“.

Разговорите погледнете ги во видеото