Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ во изјава за „Си-Ен-Ен“ вели дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара“, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.
„Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија. Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот. Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара“ – рече тој.
Претходно, шефот на руската дипломатија, Лавров, на претседателот Путин му соопшти дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.