Канада и донира оружје на Украина вредно 6 милиони долари

Поддршка за Украина доаѓа од Канада, ќе им донираат оружје и други сегменти за поддршка, соопшти канадското Министерство за национална одбрана.

„Оваа опрема вклучува митралези, пиштоли, карабини, 1,5 милиони парчиња муниција, снајперски пушки и различна придружна опрема“, се вели во соопштението, а пренесува руската агенција „ТАСС“.

Премиерот на Канада – Џастин Трудо рече дека официјална Отава одлучила да и обезбеди на Украина оружје во вредност од 7,8 милиони канадски долари (6,1 милион амрикански долари).